Земјотрес од 4,9 степени според Рихтер во североисточна Турција
- Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 14.16 часот по локално време во регионот на градот Кемах, округ Ерзинџан, во североисточна Турција, јавија турските медиуми повикувајќи се на информација од Турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AФАД).
Анкара, 6 февруари 2026 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 14.16 часот по локално време во регионот на градот Кемах, округ Ерзинџан, во североисточна Турција, јавија турските медиуми повикувајќи се на информација од Турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AФАД).
Земјотресот е регистриран на длабочина од 4,52 километри.
Во моментот нема извештаи за настрадани или за причинета материјална штета во земјотресот. рп/
Фото: МИА архива