Зеленски: Шефот на СБУ ќе биде сменет
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека сака да го смени шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Васил Малјук.
Киев, 5 јануари 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека сака да го смени шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Васил Малјук.
Одлуката е дел од серијата префрлања на персоналот на високо ниво во Украина, вклучително и замена на шефот на Кабинетот на претседателот.
Зеленски напиша на „Х“ дека побарал од Малјук да се фокусира повеќе на борбените операции.
„Треба да има повеќе украински асиметрични операции против окупаторот и руската држава, како и подобри резултати во елиминирањето на непријателот“, додаде тој.
Малјук ја презеде функцијата во СБУ во 2023 година, а за време на неговиот мандат службата презеде голем број значајни операции, вклучително и напади врз Кримскиот мост и руските стратешки бази. мс/ми/
фото: Архива