Зеленски: Украина нема доволно системи за ПВО за да го одбие секој руски напад
- краина има системи за противвоздушна одбрана, но тие не се доволни за да се одбие секој руски напад, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на 50. меѓународен форум Амброзети во Италија.
Комо, 6 септември 2024 (МИА) – Украина има системи за противвоздушна одбрана, но тие не се доволни за да се одбие секој руски напад, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на 50. меѓународен форум Амброзети во Италија.
- Го цениме секој чекор на поддршка за Украина, секоја акција и секое покажување на солидарност од нашите партнери ширум светот кои ни помагаат да ја вратиме безбедноста и да го доближиме мирот. Украинците сакаат оваа војна да заврши повеќе од кој било друг во светот. Руската агресија не ни остава друг избор освен да се бориме и да ги браниме нашите животи. Имаме системи за противвоздушна одбрана, но тоа не е доволно за да ја обезбедиме целата наша територија и да го одбиеме секој руски напад, рече Зеленски.
Тој оцени дека рускиот претседател Владимир Путин „се обидува да ја уништи Украина и прави се за да и го одземе суверенитетот“, пренесе Укринформ. јт/
Фото: ЕПА