Зеленски соопшти дека со Стармер разговарале за зајакнување на позициите на Украина и за добивање сигурни безбедносни гаранции
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека имал „важен и срдечен“ разговор со британскиот премиер Кир Стармер, со кого разговарале за зајакнување на позициите на Украина и за добивање сигурни безбедносни гаранции.

Лондон, 2 март 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека имал „важен и срдечен“ разговор со британскиот премиер Кир Стармер, со кого разговарале за зајакнување на позициите на Украина и за добивање сигурни безбедносни гаранции.
„За време на разговорите ги разгледавме предизвиците кои стојат пред Украина и цела Европа, координацијата со нашите партнери, конкретните чекори за зајакнување на позициите на Украина и завршување на војната на праведен начин, со сигурни безбедносни гаранции“, напиша Зеленски на апликацијата Телеграм.
Стармер вчера го пречека Зеленски во Даунинг стрит 10 со топла прегратка - еден ден по посетата на украинскиот лидер на Вашингтон и неговата средба со Доналд Трамп во Белата куќа. рп/
Фото: МИА архива