• сабота, 27 јули 2024

Зеленски се сретна со претседателот на Судан, со кого разговараше за руските паравоени формации

Зеленски се сретна со претседателот на Судан, со кого разговараше за руските паравоени формации

Киев, 23 септември 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека на ирскиот аеродром „Шенон“ имал импровизирана средба со неговиот судански колега Абдел Фатах ал Бурхан, со кого разговарал за руските паравоени формации.

„Разговаравме за заедничките безбедносни предизвици, особено за активностите на нелегалните вооружени групи финансирани од Русија“, напиша Зеленски во Телеграм.

Тој му се заблагодари на Судан, каде има граѓанска војна, за неговата поддршка за територијалниот интегритет на Украина.

Руската приватна воена компанија „Вагнер“ дејствува во Украина од почетокот на руската инвазија. Западните дипломати и медиуми велат дека групата е активна и во Судан, иако таа тоа го негира. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан