• недела, 22 декември 2024

Зеленски: Русија мора да биде принудена да склучи мир

Зеленски: Русија мора да биде принудена да склучи мир

Киев, 12 август 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва мора да биде принудена да постигне мир и дека војната се враќа во Русија по обидот да ја однесе во други земји.

Зеленски, исто така, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата рече дека големата украинска офанзива во рускиот регион Курск е прашање што влијае на безбедноста на Украина и дека Киев ги зазел областите од каде што Русија напаѓа.

- Русија мора да биде принудена на мир, нагласи украинскиот лидер.

Зеленски истакна дека од 1 јуни руската армија го нападнала украинскиот регион Суми, кој граничи со регионот Курск, околу 2.100 пати.

- Русија им ја донесе војната на другите, а сега се враќа во нејзиниот дом. Украина отсекогаш сакала само мир, а ние тоа секако ќе го обезбедиме, заклучи украинскиот претседател. ссм/

фото: архива

Остани поврзан