• петок, 08 ноември 2024

Зеленски потпиша закони за продолжување на воената состојба и општа мобилизација

Зеленски потпиша закони за продолжување на воената состојба и општа мобилизација

Киев, 9 ноември 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги потпиша законите за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за 90 дена.

Во меѓувреме, Русија изврши два ракетни напади врз украински цивилни цели.

Законите што вчера ги усвои украинскиот Парламент ја продолжуваат вонредната состојба и општата мобилизација до 14 февруари 2024 година.

Воена состојба беше воведена во Украина на 24 февруари 2022 година, денот кога започна руската инвазија.

Во исто време беше најавена и општа мобилизација.

Гласањето на украинскиот Парламент за продолжување на вонредната состојба е деветто од почетокот на војната во 2022 година. паг/

Фото: МИА архива


  

 

Остани поврзан