• недела, 22 декември 2024

Зеленски потпиша декрет со кој им се дозволува на странци да служат во Националната гарда на Украина

Зеленски потпиша декрет со кој им се дозволува на странци да служат во Националната гарда на Украина

Киев, 22 февруари 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се дозволува странци и лица без државјанство да служат во Националната гарда на земјата, јави денеска Укринформ.

Агенцијата дополнува дека уредбата стапи во сила вчера, со денот на објавувањето.

Според одобрените правила, странците кои легално живеат во Украина, не биле претходно осудувани и ги исполнуваат условите за воена служба, дефинирани во Законот „За воена должност и воена служба“ можат да бидат примени како волонтери (со договор) за воена служба во Националната гарда на Украина.

Странските државјани примени на воена служба подлежат на задолжителен лекарски преглед од воено-медицинска комисија во здравствена установа на Министерството за внатрешни работи на Украина, стручна и психолошка селекција и мора да ги исполнуваат стандардите за физичка подготвеност утврдени од Министерството за внатрешни работи.

Странските жени може да бидат примени на воена служба со договор ако има празни воени места што можат да ги пополнат жени. ссм/

фото: архива

Остани поврзан