Зеленски очекува САД да воведат строги санкции против Русија
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува САД да воведат строги рестриктивни мерки против Русија откако ЕУ ги презентираше своите предлози за својот 19-ти пакет санкции против Москва во петокот.
Киев, 21 септември 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува САД да воведат строги рестриктивни мерки против Русија откако ЕУ ги презентираше своите предлози за својот 19-ти пакет санкции против Москва во петокот.
„Благодарен сум што многу од украинските предлози беа земени предвид во пакетот санкции на ЕУ. Сега очекуваме строги казнени чекори и од САД, рече украинскиот лидер во своето вечерно видео обраќање.
Дополнително, Зеленски објави дека потпишал три декрети со кои се воведуваат санкции против пропагандистите кои ја помагаат Русија, против поединци кои имаат бизниси на окупираните територии итн., објавија украинските медиуми.
-Денеска потпишав и декрети со кои се воведуваат нови украински санкции. Потпишани се три пакети, рече Зеленски.
„Поточно - против пропагандите што ја поддржуваат Русија; против поединци што работат на окупираните територии и го хранат рускиот буџет, поддржувајќи го овој систем на злото; и против оние што ја дестабилизираат Молдавија во интерес на Москва. Украина ѝ помага на Молдавија, а ние инвестираме во стабилноста на нашиот сосед, во успехот на Молдавија“, нагласи Зеленски. мс/
фото: ЕПА