• четврток, 27 јуни 2024

Зеленски од Брисел ги повика лидерите на ЕУ да ги исполнат ветувањата за обезбедување воена опрема

Зеленски од Брисел ги повика лидерите на ЕУ да ги исполнат ветувањата за обезбедување воена опрема

Брисел, 27 јуни 2024 (МИА) – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска ги повика лидерите на Европската унија да ги исполнат своите ветувања за обезбедување воена опрема за Украина.

-Мораме да работиме на следните чекори, изјави Зеленски во Брисел, по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ, пренесуваат американските медиуми.

Тој додаде дека со лидерите на ЕУ ќе разговара за итните потреби на неговата земја, односно за противвоздушната одбрана.

Зеленски им се заблагодари на земјите кои ветија опрема, оружје и муниција, но и подвлече дека на Украина итно и се потребни на бојното поле.

ЕУ во вторникот ги започна преговорите за членство со Украина.

-Ова го чекавме долго време, рече Зеленски и се заблагодари на ЕУ.

Зеленски, кој денеска ќе присуствува на самитот на Европската унија во Брисел, рече дека ќе потпише три договори од областа на безбедноста, меѓу кои и оној со 27-члениот блок, но не ги наведе другите две земји со кои исто така треба да потпише такви договори.

„За прв пат овој договор ќе ја зајакне посветеноста на сите 27 земји-членки на ЕУ да и дадат на Украина широка поддршка, без оглед на какви било внатрешни институционални промени“, рече украинскиот претседател. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан