• недела, 22 декември 2024

Зеленски на западните сојузници им нуди пристап до суровините на Украина

Зеленски на западните сојузници им нуди пристап до суровините на Украина

Киев, 16 октомври 2024 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски им нуди на западните сојузници пристап до вредните суровини на неговата земја, како дел од планот за победа што го откри денеска.

Во говорот пред пратениците во Киев, Зеленски рече дека Украина има скапоцени ресурси „вредни трилиони американски долари“, вклучувајќи ураниум, титаниум, литиум и графит.

Суровините или ќе паднат во рацете на Русија и нејзините сојузници, или ќе останат со Украина и демократскиот свет, рече тој, пренесува ДПА.

Тој вети и дека по завршувањето на војната Украина ќе го искористи своето воено искуство за да ја обезбеди безбедноста на Европа и НАТО.

Нејзините војници дури би можеле да ги заменат американските трупи во Европа, додаде Зеленски.

Украина се брани од руската инвазија со помош на Западот повеќе од две години. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан