Зеленски и Макрон разговараа за притисокот врз Русија и се согласија да се сретнат во блиска иднина
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска телефонски разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за притисокот врз Русија, а двајцата се согласиле и наскоро да се сретнат.
Киев, 20 октомври 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска телефонски разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за притисокот врз Русија, а двајцата се согласиле и наскоро да се сретнат.
- Сега е вистинското време да се насочи ситуацијата кон крајот на војната, а најважно е целосно да се искористи секоја можност и да се изврши соодветен притисок врз Русија. Притисокот врз оној што ја почна војната е клучот за исходот, напиша украинскиот претседател на Х.
- Емануел и јас разговаравме за сите тековни дипломатски аспекти и нашите најнови контакти со партнерите. Благодарен сум за поддршката. Се согласивме да се сретнеме во блиска иднина, додаде Зеленски. јт/