• петок, 22 ноември 2024

Зеленски за операцијата во регионот Курск: Војната ја враќаме таму од каде што дојде

Зеленски за операцијата во регионот Курск: Војната ја враќаме таму од каде што дојде

Киев, 22 август 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека операцијата во руската област Курск е апсолутно чесно и дека Украина ја враќа војната „таму од каде што дојде“.

-Штотуку се вратив од нашиот регион Суми, од границата, од оние области кои се граничат со непријателот и каде што нашите единици се исклучително ефикасни во одговорот на инвазијата на Русија. Со испраќање на војната таму од каде што Русија ја донесе во нашата земја, ние ја испраќаме дома, и тоа е апсолутно чесно, но покрај правдата, тоа е и многу ефикасно, рече Зеленски на 7-миот годишен форум на ветераните „ Украина.Ветерани.Единство“, пренесе Укринформ.

Украинскиот претседател нагласи дека за да се стави крај на војната, неопходно е да и се создадат што повеќе проблеми на руската држава на нејзина територија.

 -Сите ние треба да разбереме дека, за да го протераме окупаторот од нашата земја, треба да создадеме што е можно повеќе проблеми на руската држава на нејзината територија. Ова е херојско дело на нашите војници. И ова херојско дело е сепопрецизно, се подалекосежно и се поефикасно, рече Зеленски.

Тој заклучи дека сите операции што денеска ги спроведуваат одбранбените сили на Украина се систематски начин за заштита на Украина, со цел да се стави крај на војната „под услови на независна Украина“.

-Нашите одбранбени операции во регионот Доњецк, регионот Харков, на југот на Украина, нашето ослободување од руската Црноморска флота, нашата операција во регионот Курск се секојдневни удари врз руски воени објекти. Сето тоа е нашиот системски начин да ја заштитиме Украина, начин да ја завршиме оваа војна под услови на независна Украина. Сигурен сум дека ќе го пребродиме овој пат, без разлика колку е тежок, рече украинскиот лидер.

Офанзивната операција на одбранбените сили на Украина во областа Курск на Руската Федерација започна на 6 август 2024 година, а на 15 август беше најавено дека ќе се создаде воена команда на контролираните територии на Курската област, а за нејзин командант беше назначен генерал мајор Едуард Москаљов.сд/

фото:ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан