• петок, 05 декември 2025

Зеленски за конференцијата за обнова на Украина во Рим

Зеленски за конференцијата за обнова на Украина во Рим

Рим, 10 јули 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва на Х и се заблагодари на Италија за организирањето на Конференцијата за обнова на Украина УРЦ 2025.

- Нивото е високо – присуствуваа повеќе од 30 земји, стотици компании од целиот свет, како и лидери од политичкиот и граѓанскиот сектор. Постигнати се над 200 различни договори во вкупна вредност од повеќе од 10 милијарди евра. Обезбеден е и нов европски пакет за поддршка – над 2 милијарди евра. Посебна програма од Финска изнесува повеќе од 300 милиони евра, конкретно наменети за обнова. Холандија придонесе со пакет од 300 милиони евра. Германија, пак, изрази подготвеност да помогне во набавка на дополнителен систем „Патриот“, напиша Зеленски.

Тој подвлече дека е важно што конференцијата го истакна и хуманитарниот аспект на обновата на Украина „особено човечкиот аспект: физичко, социјално и ментално закрепнување“.

- Им благодариме на сите лидери и учесници на Конференцијата за нивното внимание кон Украина, кон потребите на нашиот народ и кон нашата заедничка одговорност да направиме сè што е можно за да го заштитиме животот. Продолжуваме да работиме за вистински мир, безбедност и обнова. Им благодариме на сите што стојат со Украина денес, напиша украинскиот лидер. јт/

Фото: Зеленски на Х

Остани поврзан