Зеленски: Заробивме севернокорејски војници во регионот на Курск, ги испрашуваме во Киев
- „Тоа се двајца војници кои, и покрај повредите, преживеаја. Тие беа пренесени во Киев и разговараат со истражителите на Службата за безбедност на Украина. Тоа не беше лесна задача: обично Русите и другите севернокорејски војници ги убиваат своите другари и прават се да спречат докази за учеството на друга држава - Северна Кореја - во војната против Украина“, напиша Зеленски на Фејсбук.

Киев, 11 јануари 2025 (МИА) – Украинските војници заробиле севернокорејски војници во Курскиот регион, во Русија, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Тоа се двајца војници кои, и покрај повредите, преживеаја. Тие беа пренесени во Киев и разговараат со истражителите на Службата за безбедност на Украина. Тоа не беше лесна задача: обично Русите и другите севернокорејски војници ги убиваат своите другари и прават се да спречат докази за учеството на друга држава - Северна Кореја - во војната против Украина“, напиша Зеленски на Фејсбук.
Украинскиот лидер сподели и фотографии за кои тврди дека покажуваат заробени војници и нивните документи. Тој им се заблагодари на членовите на Тактичката група бр. 84 на Силите за специјални операции на вооружените сили на Украина и падобранците кои ги заробија овие војници.сд/
фото:Х