Зеленски го отфрли договорот за минерали со САД
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им наредил на своите министри да не потпишуваат договор со кој на САД ќе им се овозможи пристап до вредните и ретки минерали на Украина, објаснувајќи дека документот е премногу фокусиран на интересите на САД.

Минхен, 16 февруари 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им наредил на своите министри да не потпишуваат договор со кој на САД ќе им се овозможи пристап до вредните и ретки минерали на Украина, објаснувајќи дека документот е премногу фокусиран на интересите на САД.
„За мене е многу важна врската помеѓу некакви безбедносни гаранции и некаква инвестиција“, рече Зеленски.
Тој не навлезе во детали зошто им наложил на своите службеници да не го потпишуваат документот, кој во средата им беше даден на украинските власти од американскиот министер за финансии Скот Басент за време на посетата на Киев.
Предлог договорот беше клучен дел од разговорите на Зеленски со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Тој се однесува на тоа како САД би можеле да го искористат рудното богатство на Украина, како компензација за поддршката што веќе и е дадена на Украина од администрацијата на Бајден и како еден вид аванс за идна помош, изјавија украински официјални лица.
Украина има големи резерви на минерали кои се користат во воздухопловната, одбранбената и нуклеарната индустрија. паг/
Фото: ЕПА