• сабота, 21 декември 2024

Зеленски: Во Мариупол 100.000 луѓе се без храна, вода и лекови

Зеленски: Во Мариупол 100.000 луѓе се без храна, вода и лекови
Киев, 22 март 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 100.000 луѓе во Мариупол се без храна, вода и лекови. Претходно, Општина Мариупол соопшти дека градот денеска бил погоден од две „супермоќни бомби“, но не наведе дали има жртви. - Окупаторите не ги интересира градот … сакаат да го срамнат со земја, се наведува во соопштението на градската управа. Зеленски посочи и дека разговорите со Русија се тешки и понекогаш конфронтирачки, но „одиме чекор по чекор напред“. ми/

Остани поврзан