• недела, 22 декември 2024

Зеленски: Војната постепено се враќа во Русија

Зеленски: Војната постепено се враќа во Русија

Киев, 30 јули 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека „војната“ постепено се враќа во Русија откако три беспилотни летала беа соборени над Москва, напад во кој руските власти соопштија дека едно лице е повредено.

- Војната постепено се враќа на територијата на Русија - во нејзините центри и воени бази и ова е неизбежен, природен и апсолутно фер процес, рече Зеленски за време на посетата на западниот украински град Ивано-Франковск.

„Украина станува посилна“, додаде тој, предупредувајќи, сепак, дека земјата треба да се подготви за нови напади врз енергетската инфраструктура во зима.

„Но, мора да бидеме свесни дека, како и минатата година, руските терористи можат да го нападнат нашиот енергетски сектор и критичните капацитети и оваа зима“, рече Зеленски, додавајќи дека за време на неговата посета на Ивано-Франковск било разговарано за „сите можни сценарија“.

Зеленски зборуваше откако синоќа беа соборени три украински беспилотни летала над Москва, соопшти руското Министерство за одбрана. Нападот ги оштети фасадите на две високи деловни згради и принуди привремено затворање на меѓународниот аеродром во Москва „Внуково“.

Москва, исто така, соопшти дека руските сили спречиле обид на Киев да го нападне полуостровот Крим, анектиран од Русија, со 25 украински беспилотни летала. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан