• недела, 21 јули 2024

Здружението ,,Стари занаети" организира бесплатна обука за копаничарство

Здружението ,,Стари занаети

Неготино, 21 февруари 2024 (МИА) - Здружението ,,Стари занаети" од Неготино што постои две децении, организира бесплатна обука за копаничарство, информираа вечерва од ова здружение што ја негува и промовира копаничарската традиција, резба во дрво со најразлични мотиви од тиквешкото поднебје. 

- Обуката во траење од три месеци е првенствено наменета за заинтересирани млади невработени лица, но, секако, доколку има место и за сите други заинтересирани лица што сакаат да го научат занаетот за резбање во дрво, појасни за МИА, претседателката Љиљана Василева.

Обуката ќе стартува од први март, станува збор за проект финансиски поддржан од локалната самоуправа. 

Василева нагласи дека тие редовно организираат вакви и слични обуки, со цел доближување на копаничарството до младите и сите други заинтересирани, заради негување на традицијата и историјата и културата на овие простори. свд/


Фото: Музеј на град Неготино 

Остани поврзан