• среда, 17 декември 2025

Здружението на пензионери и Општата болница од Куманово потпишаа Меморандум за соработка

Здружението на пензионери и Општата болница од Куманово потпишаа Меморандум за соработка

Куманово, 4 октомври 2023 (МИА) - Кумановската општа болница и Здружението на пензионери Куманово потпишаа Меморандум за соработка, соопштија денеска од болницата и од здружението. Со тоа дел од пензионерите кои имаат индиции за деменција бесплатно ќе се тестираат.

-Договоривме нашите психолози да вршат бесплатни психолошки тестови за деменција, а по нивната обработка, лицата кои имаат индиција ќе бидат соодветно третирани, упатени на соодветно лекувањето доколку има потреба, изјави директорката на болницата, Биљана Ивановска.

Меморандумот е потпишан по повод 1 октомври, Меѓународниот ден на старите лица. Целта, како што велат надлежните, е навреме да се открие болеста која зема замав на светско ниво. Според проценките на Светската здравствена организација, милиони луѓе во светот страдаат од деменција која не само што го загрозува поединецот, туку и неговите блиски и локалната заедница.

Од општата болница Куманово велат дека го потпишале меморандумот, водејќи се по фактите дека голем дел од корисниците на нивните услуги се токму старите лица. Оттаму велат дека соработката ќе продолжи и во наредниот период.ам/вј/

Фото: ЈЗУ Општа Болница Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан