Зголемен обем на работа на ЈП „Куманово Паркинг“
- Поголемата раздвиженост летово го зголеми и обемот на работа на ЈП „Куманово-Паркинг“, соопштија денеска надлежните. Според податоците на претпријатието искористеноста на паркинг просторот е максимална.
Куманово, 14 јули 2025 (МИА) - Поголемата раздвиженост летово го зголеми и обемот на работа на ЈП „Куманово-Паркинг“, соопштија денеска надлежните. Според податоците на претпријатието искористеноста на паркинг просторот е максимална.

- Најголема искористеност на паркинг местата е во централното градско подрачје. Одличен процент на искористеност на паркинг местата, изјави директорот на претпријатието, Андреја Маџовски.
Во „А“ зона има 580 паркинг места.
- Привршуваат проектите за воведување „Б“ зона кај училиштето „Бајрам Шабани“ на барање на граѓаните оттаму, но и на „Октомвриска револуција“, каде што има одреден процент станари не се сложува, но заеднички преку општина и месна заедница ќе најдеме заедничко решение, рече Маџовски.
Дел од проектите наменети за оваа зона привршуваат.
- За зоната околу училиштето, проектот е готов. Очекуваме 50 до 60, паркинг места. Точната бројка ќе ја знаеме откако сообраќајните инженери ќе го направат планот. За „Октомвриска“ имаме негодување кај дел од жителите. Таму ќе се вклучат и општината и СВР Куманово, посочи Маџовски.
Од понеделник се враќа и старото „пајак“ возило кое беше на сервис, така што службата ќе работи со максимален капацитет со две возила.
- Апелираме до граѓаните да внимаваат, навистина најмалку сакаме да креваме возила, рече Маџовски. ам/дма/
Фото: МИА