• четврток, 12 јуни 2025

Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата

Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата

Скопје, 10 јуни 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/

ФОТО: Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан