Зголемен интензитетот на собраќај на патиштата надвор од градските средини
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничнитe премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Скопје, 4 септември 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничнитe премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од
државата, соопшти АМСМ.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се
однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. вг/
Фото: МИА Архива