• недела, 22 декември 2024

Зголемен број случаи на пертусис во Грција, од голема кашлица починале две бебиња

Зголемен број случаи на пертусис во Грција, од голема кашлица починале две бебиња

Атина, 6 јуни 2024 (МИА) – Две бебиња помали од два месеци починале од пертусис (голема кашлица) во Грција, а три биле хоспитализирани на одделот за интензивна нега за новороденчиња, додека во изминатиот период во земјата е регистриран зголемен број случаи, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. 

Од почетокот на годинава заклучно со мај, биле потврдени вкупно 230 случаи на пертусис, од кои 57,8 отсто се кај деца, наспроти девет случаи лани. 

Од ЕОДИ истакнуваат дека зголемувањето на случаите веројатно е поврзано со ненавремената имунизација на одредени возрасни групи и посочуваат дека пертусисот е ендемично заболување со епидемии кои се јавуваат на секои три до пет години, дури и во области со висока покриеност со вакцинација, а бебињата се изложени на најголем ризик.

Паралелно потенцираат дека единствена превентивна мерка за бебињата до месеци е вакцинацијата на трудниците во периодот од 27-36-та недела од бременоста. ср/

Остани поврзан