• петок, 05 декември 2025

Зголемен бројот на странскт туристи, намален на домашните

Зголемен бројот на странскт туристи, намален на домашните

Скопје, 12 мај 2025 (МИА) - Во земјава во март годинава се евидентирани 70 902 туристи, од кои 22.0 % биле домашни, а 78.0 % странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика

Бројот на ноќевањата во март 2025 година изнесувал  132 015, од кои 28.0% се од домашните, а 72.0 % од странските туристи. 

Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за  10.6 %. Кај домашните туристи има намалување за  9.2 %, а кај странските зголемување за  21.9 %. 

Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 9.1 %, така што кај домашните туристи има намалување за 7.8 %, а кај странските зголемување за 21.7 %.са/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан