• понеделник, 23 декември 2024

Зголемени водостоите на езерата и реките

Зголемени водостоите на езерата и реките
Скопје, 18 април 2022 (МИА) – За по еден сантиметар се зголемени водостоите на трите природни езера во земјава во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа нивото на Дојранското Езеро е за 2,77 метри повисоко од повеќегодишниот просек за април. За разлика од него, водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за еден сантиметар кај Охридското, односно за 1,75 метри кај Преспанското Езеро, кое сега е на 13 сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Нивоата на повеќето реки во земјава се пониски од просечните за април, но речиси кај сите има благо зголемување на водостојот во споредба со вчера. Најголемо зголемување за 10 сантиметри има реката Вардар на мерното место кај Скопје, а зголемување од девет сантиметри бележи истата река на мерното место кај Јегуновце. Кај останатите реки кај кои е забележан раст на водостојот зголемувањето е за еден до два сантиметра.вј/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан