Зголемена цената за престој во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово
- Јавната општинска установа, Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово ја зголеми цената за месечен престој на старите лица од 11.800 на 16.000 денари, поради зголемените цени за енергенси, сме

Куманово, 13 септември 2022 (МИА) - Јавната општинска установа, Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово ја зголеми цената за месечен престој на старите лица од 11.800 на 16.000 денари, поради зголемените цени за енергенси, сметки, храна и други потреби, информираа денеска надлежните.
Одлуката за зголемување на цените на услугите за 4.200 денари беше изгласана на последната седница на Советот на општината. Директорот Дејан Стојановски вели дека се принудени да ја применат непопуларната мерка за да се спречат загубите во работењето.
- Услугите кои што ги дава установата доминантно сè од самофинансирачкиот дел, средства што ги прибираме за пружање на услуги, така што, доколку останевме со истата цена, сериозно и свесно ќе поминавме во загуба. Цената на гасот е неколкукратно зголемена, цената на електричната енергија. Лани за гас за месечна сметка, цената беше 400.000 денари, сега ќе биде милион и двесте до милион до петстотини илјади денари. Затоа беше нужно цената да биде зголемена за да имаме стабилна состојба, изјави Стојановски.

