• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу половина час

Зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу половина час

Скопје, 6 јули 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и зголемен интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу половина час, додека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомотосојузот на Македонија.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан