Зголемена исплата за солидарниот фонд за посмртна помош со незначителна задршка
- Организацијата за солидарен фонд за посмртна помош и членарина на седница донесе одлука за висината на задршката и исплатата на посмртната помош за пензионерите за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2026 година. Со оваа одлука, висината на исплатата за семејствата на починатите пензионери изнесува 40 000 денари, што претставува зголемување во однос на претходниот период, соопштија денеска надлежните од кумановското здружение на пензионери. Како што изјави Снежана Андова, претседател на Одборот на регистрираната организација за солидарен фонд за посмртна помош и членарина, станува збор за средства кои не потекнуваат од државниот буџет, туку се обезбедуваат исклучиво од личните придонеси на пензионерите.
Куманово, 23 јануари 2026 (МИА) - Организацијата за солидарен фонд за посмртна помош и членарина на седница донесе одлука за висината на задршката и исплатата на посмртната помош за пензионерите за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2026 година. Со оваа одлука, висината на исплатата за семејствата на починатите пензионери изнесува 40 000 денари, што претставува зголемување во однос на претходниот период, соопштија денеска надлежните од кумановското здружение на пензионери. Како што изјави Снежана Андова, претседател на Одборот на регистрираната организација за солидарен фонд за посмртна помош и членарина, станува збор за средства кои не потекнуваат од државниот буџет, туку се обезбедуваат исклучиво од личните придонеси на пензионерите.
-Ние одлучуваме за тие средства, бидејќи тие се лични средства на пензионерите. Тоа не се буџетски пари, ниту средства на товар на државата, туку на товар на секој пензионер, изјави Андова.

Одлуките за висината на задршката и исплатата, како што појасни таа, се носат на секои шест месеци од страна на Одборот и се објавуваат во Службен весник, со што се обезбедува транспарентност во работењето на фондот. Со најновата одлука, месечната задршка за солидарниот фонд е зголемена од 140 на 150 денари, односно за само 10 денари повеќе.
-Сметаме дека ова зголемување нема значително да ги засегне пензионерите, а од друга страна обезбедува повисока финансиска поддршка за семејствата во најтешките моменти, нагласи Андова. ам/дма/
Фото: МИА