За 3,2 проценти намален бројот на работници во индустријата во октомври на годишно ниво
- За 3,2 проценти е намален бројот на работниците во индустријата во октомври годинава во однос на октомври лани, а бележи раст од 0,6 проценти во периодот јануари-октомври годинава споредено со истиот период од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - За 3,2 проценти е намален бројот на работниците во индустријата во октомври годинава во однос на октомври лани, а бележи раст од 0,6 проценти во периодот јануари-октомври годинава споредено со истиот период од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври годинава во однос на октомври минатата година, бележи пораст од 4,6 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,1 процент, а опаѓање во секторот Преработувачка индустрија за 3,9 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври годинава, во однос на октомври 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4,6 проценти, Капитални производи за 1,5 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 24,3 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,3 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,6 проценти. лв/дма/
фото: МИА архива