• сабота, 13 јули 2024

За хотелско сместување бегалци од Украина да се обезбедат 120 милиони денари, одлучи Владата

За хотелско сместување бегалци од Украина да се обезбедат 120 милиони денари, одлучи Владата
Скопје, 17 март 2022 (МИА) - Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди 120 милиони денари за организирање и обезбедување хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓаните од Украина, кои како бегалци од војната евентуално би пристигнале во нашата земја. - Овие средства ќе бидат префрлени на Службата за општи и заеднички работи, која е задолжена за реализација на овие активности, наведува Прес-службата на Владата, соопштувајќи за оваа нејзина одлука  донесена на денешната 30-та седница. Владата на седницата ги утврди измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита за исплата на еднократен додаток за корисниците на гарантирана минимална помош во висина од 1.000 денари за месеците март, април и мај 2022 година. Прес-службата информира дека помошта е наменета за најранливите категории граѓани за да се ублажат последиците од економската криза и ценовниот шок предизвикани од пандемијата од КОВИД-19 и од енергетската криза. хс/сп/

Остани поврзан