• недела, 22 декември 2024

За седум месеци Република Кипар ја посетиле над 2,3 милиони туристи

За седум месеци Република Кипар ја посетиле над 2,3 милиони туристи

Никозија, 19 август 2024 (МИА) – Во периодот од јануари до јули годинава, Република Кипар ја посетиле 2.203.704 туристи, што е за 3,1 отсто повеќе во споредба со првите седум месеци лани, согласно официјалните податоци од Службата за статистика, јави дописничката на МИА од Атина.

Само во месец јули, во земјата пристигнале над половина милион посетители, односно 551.229, што е за 5,3 проценти повеќе од лани, нешто што според медиумите на Кипар е историски рекорд за кипарскиот туризам.

Најбројни во јули годинава биле туристите од Обединетото Кралство со 33,9 проценти од вкупните пристигнувања, потоа следат пристигнувањата од Израел со 12,9 отсто, од Полска со 6,4 проценти, од Шведска 4,3 отсто и од Германија со 3,8 проценти. ср/

Остани поврзан