• четврток, 01 мај 2025

За продолжениот викенд нестабилно со повремени врнежи од дожд

За продолжениот викенд нестабилно со повремени врнежи од дожд

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - Следните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, за кратко време над 20 литри на метар квадратен, со појава на грмежи и силен ветер, над 70 километри на час.

Како што информира УХМР, в понеделник попладне на планините ќе има услови врнежите да преминат во снег. 

Минималната температура ќе биде во интервал од два до 9, а максималната температура од 10 до 19 степени. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан