• понеделник, 23 декември 2024

За непропуштање пешаци на пешачки премин изречени 128 санкции 

За непропуштање пешаци на пешачки премин изречени 128 санкции 
Скопје, 7 февруари 2022 (МИА) - Санкционирани се 128 возачи, од кои 70 на територија на Скопје, вчера во рамки на спроведената засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При акциската контрола, соопштија денеска од МВР, санкционирани се и 208 друг вид сообраќајни прекршоци. Само на територија на Скопје се изречени и 12 санкции за пешаци кои не поминувале на пешачки премин. - Министерството за внатрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, стои во соопштението. цр/дма/

Остани поврзан