• четврток, 25 јули 2024

За неколку часа во Мексико убиени двајца кандидати за градоначалници

За неколку часа во Мексико убиени двајца кандидати за градоначалници

Мексико сити, 27 февруари 2024 (МИА) - Двајца кандидати за градоначалник на мексиканскиот град Мараватио се убиени за неколку часа, соопштија денеска локалните власти.

Убиени се кандидатот на партијата Национална акција, Армандо Перез и кандидатот на Морена, Мигел Анхел Завала.

Двајцата се пронајдени мртви во нивните автомобили.

„Ова го покажува исклучително сериозното ниво на насилство и недостатокот на безбедност што преовладува пред најважните избори во историјата на Мексико“, напиша лидерот на Националната акција Марко Кортес на социјалните мрежи.

Од партијата Морена изјавија дека убиството на Завала е „кукавички и осудувачки чин“.

Парламентарните избори во Мексико се закажани за 2 јуни годинава, а предизборната кампања официјално започнува во петок на 1 март. паг/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан