• недела, 22 декември 2024

Цветан Трипуновски - министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Цветан Трипуновски - министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Цветан Трипуновски кој од ВМРО-ДПМНЕ е предложен за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е роден на 18 септември 1980 година во Скопје каде дипломирал на Земјоделскиот факултет.

Првото вработување му е во 2005 година во Собранието на Град Скопје како помлад соработник, а бил и директор на Државна фитосанитарна лабораторија, пратеник во Собранието на Република Македонија, во два наврати бил државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, директор на Државен инспекторат за земјоделство, два пати бил дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, советник во ЈП Паркови и зеленило – Скопје и вработен во ВМРО-ДПМНЕ.

Учесник бил на меѓународни студиски посети преку TAIEX инструментот на ЕУ, како и на семинари и обуки организирани од ИРИ, НДИ и Конрад Аденауер за организациски вештини, политики, јавно говорење и менаџмент.

Покрај мајчиниот македонски јазик, Трипуновски одлично говори и англиски. јазик. вј/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан