За една седмица санкионирани 264 непрописно паркирани возила на териотријата на општина Центар
- ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 264 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 264 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
-Во периодот од 20.11. до 26.11.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 144 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 120 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.
ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот со цел одржување на ред и и безбедност по улиците. љм/са/
Фото: ЈП Паркинзи