• петок, 05 декември 2025

За една недела во Центар отстранети 99 непрописно паркирани возила

За една недела во Центар отстранети 99 непрописно паркирани возила

Скопје, 25 август 2025 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 17 до 24 август со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 99 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. фф/вј/

Фото: ЈП ПОЦ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан