• среда, 26 јуни 2024

За Гринвуд има интерес од англиски и странски клубови, Манчестер јунајтед сака да го продаде или позајми фудбалерот

За Гринвуд има интерес од англиски и странски клубови, Манчестер јунајтед сака да го продаде или позајми фудбалерот

Манчестер, 23 август 2023 (МИА) - Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд е баран на трансфер пазарот.

 

Пред два дена Манчестер јунајтед ги сумираше резултатите од внатрешната истрага за наводите за силување на неговата девојка од страна на играч и заклучи дека Гринвуд е невин. Сепак,играчот од средниот ред го напушта клубот.

 

Според „ESPN“, Јунајтед е свесен за интересот за 21-годишниот Англичанец и од англиските клубови и од странство.

 

Манчестер јунајтед сака веднаш да го продаде играчот или да го испрати на позајмица. зс/

 

Фото: Твитер

Остани поврзан