• среда, 07 август 2024

За време на протестите во Венецуела досега загинаа 24 лица, соопштија активисти за човекови права

За време на протестите во Венецуела досега загинаа 24 лица, соопштија активисти за човекови права

Каракас, 7 август 2024 (МИА) - Организацијата за човекови права „Провеа“ синоќа објави дека вкупно 24 лица загинале за време на протестите по претседателските избори во Венецуела на 28 јули, поради сериозни обвинувања за измами, јави ДПА.

„Провеа“ на социјалната мрежа „Х“ објави дека во најмалку девет случаи на убиства, вооружени провладини групи цивили, т.н. колективи, се идентификувани од сведоци како можни сторители.

Хјуман рајтс воч зборуваше и за „веродостојни извештаи за 24 смртни случаи“ во врска со протестите.

Во Венецуела протестираа во изминатите денови против изборните резултати за кои велат дека биле наместени. Според владините изјави, досега се уапсени повеќе од 2.000 луѓе како одговор на протестите. зш/

Остани поврзан