За водоводи и канализации во повеќе општини 53 милиони денари, 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца
- Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства од над 53 милиони денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во повеќе општини, соопшти валдината прс-служба по денешната седница на Владата на која се одобрени и 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца.
Скопје, 4 септември 2024 (МИА) - Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства од над 53 милиони денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во повеќе општини, соопшти валдината прс-служба по денешната седница на Владата на која се одобрени и 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца.
Владата на предлог на Министерството за транспорт донела и одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на општина Велес за изградба на нова катна гаража за потребите на жителите на оваа општина.
Проценетата инвестициска вредност на проектот за изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во с. Трпејца, општина Охрид е 68 милиони денари со вклучен ДДВ и средствата ќе бидат обезбедувани во Буџетот на Министерството за транспорт. Рокот за изведба на планираниот проект би изнесувал околу осум календарски месеци.
Од Владата информираат дека обезбедени се 21 милион денари за изградба на атмосферска канализација на дел од улиците „Илија Алексов“, „крак на улица 8“, „улица 8“, „улица 9“ во УБ15, општина Радовиш. Планирано е набавката за реализација да започне месецов.
Дваесет и еден милион денари ќе бидат инвестирани во изградба на фекална канализација на дел од ул. „Кленоец“ и изградба на атмосферска канализација на дел од ул. „Кленоец“, општина Охрид, а набавката за реализација треба да почн следниот месец.
За реконструкција на водоводна мрежа и реконструкција на мешовита канализациона мрежа на ул. „11 Март“, ул. „Панде Николов“, ул. „Козара“ и ул. „Чеде Филиповски Даме“, општина Битола Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства се оебзедени 11,1 милиони денари, а набавката за реализација треба да започне месецов. лв/вг/
фото:МИА архива