• вторник, 19 ноември 2024

Милков: За Бугарија од најголема важност е да се обезбедат еднакви права на бугарскиот народ со другите народи во Република Северна Македонија

Милков: За Бугарија од најголема важност е да се обезбедат еднакви права на бугарскиот народ со другите народи во Република Северна Македонија

Софија, 6 април 2023 - Би рекол дека за Бугарија е единствено важно да обезбеди еднакви права на бугарскиот народ со другите народи во Република Северна Македонија. Ова на брифинг го изјави вршителот на должноста бугарски министер за надворешни работи Николај Милков. Тој одговори на прашање во врска со изјавата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, дека барањето на Бугарија да биде дел од процесот на уставни измени е скандалозно.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

- Бугарија нема да прифати никаква формулација со која на македонските Бугари ќе им се додели статус што на кој било начин е различен од оној од другите уставно признати делови од народите во Република Северна Македонија, коментира Милков.

Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија и заложбата на Скопје да преземе мерки за обезбедување ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на Бугарите, се наведени во Протоколот од вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија, кој беше потпишан на 17 јули 2022 година, потсети министерот. Тој изрази жалење што оттогаш нема напредок по ова прашање. Според него, темата станала предмет на „внатрешна дебата“, поврзана со покренување постапка за промена на Уставот на Република Северна Македонија.

Во врска со почетокот на овој процес, Милков изјави дека ги поздравува напорите на Република Северна Македонија за исполнување на обврските, кои, според него, треба да доведат до практична рамноправност на тукашните Бугари.

Успешното завршување на еден ваков процес ќе доведе до издигнување на билатералните односи на квалитативно ново ниво и ќе даде позитивен поттик на напорите на Република Северна Македонија за почеток на преговори за членство во Европската унија, изјави Милков. Тој посочи дека процесот на промена на Уставот секако е внатрешна работа на Република Северна Македонија.

Има низа акции кои може да се оквалификуваат како обиди за подигнување на степенот на тензија, со што би се намалила можноста за мирен дијалог и атмосфера за овие промени, истакна Милков.

- Јас лично не мислам дека изјавите од ваков тип водат кон смирување на ситуацијата, посочи тој во врска со изјавата на Пендаровски.

Во духот на нашето досегашно искуство, би сакале да избегнеме сценарија во кои приоди и конкретни решенија се договараат зад грб на Бугарија со земјите членки на Европската унија, за потоа да ни се врши притисок или да бидеме ставени пред свршен чин, коментира исто така министерот. 

_________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Фото: БТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан