• сабота, 22 февруари 2025

За брзо возење санкционирани 369 возачи

За брзо возење санкционирани 369 возачи

Скопје, 7 април 2023 (МИА) - Вкупно 369 возачи се санкционирани во текот на вчерашната засилена акциска контрола на територијата на земјава што ја спроведе Министерството за внатрешни работи за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив, како што информира МВР, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 199 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 170 надвор од населено место. 

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.вј/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан