• петок, 05 декември 2025

Захарова: Русија продолжува да подготвува меморандум за Украина

Захарова: Русија продолжува да подготвува меморандум за Украина

Москва, 27 мај 2025 (МИА) – Русија продолжува да подготвува меморандум за Украина, кој ќе ги дефинира принципите и можните временски рамки за решавање на конфликтот, соопшти денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Нацрт-меморандумот ќе ги дефинира и условите за можно примирје, рече Захарова, додавајќи дека документот ќе биде предаден на Киев веднаш штом ќе биде готов, пренесува Тас.

- Очекуваме украинската страна да ја заврши истата работа и да ни ги испрати своите изработки истовремено со приемот на рускиот документ, рече портпаролката на руското МНР.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно, по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, рече дека Русија е подготвена да соработува со украинската страна на меморандум во врска со можен иден мировен договор. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан