Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
- -Володимир Зеленски, кој најави дека сака да испрати странски воен персонал во Украина, се покажа како крволочно чудовиште, бидејќи откако веќе ги уништи сопствените граѓани сега планира да ги уништува и странците, изјави Захарова за руските медиуми.

Москва, 10 јануари 2025 (МИА) - Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се покажал како „крволочно чудовиште“.
-Володимир Зеленски, кој најави дека сака да испрати странски воен персонал во Украина, се покажа како крволочно чудовиште, бидејќи откако веќе ги уништи сопствените граѓани сега планира да ги уништува и странците, изјави Захарова за руските медиуми.
Руските медиуми потсетуваат дека Зеленски претходно вчера, на состанокот на групата Рамштајн, зборувал за испраќање странски воен персонал во Украина уште пред крајот на конфликтот.
-Тој едноставно ги уништи сопствените граѓани, сега е редот да ги уништи и оние што ги сметаат за негови сојузници. Очигледно самиот се смета за некаков месија, но испадна дека е крволочно чудовиште, рече Захарова.сд/
фото:МИА архива