• четврток, 26 март 2026

Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

Њу Делхи, 12 јуни 2025 (МИА) – Патнички авион Боинг 787-8, што денеска се урна кратко време по полетувањето од индискиот град Ахмедабад, падна врз хостел за лекари.

Авионот се урна во зграда која е хостел за лекари, потврди портпаролот на полицијата Џаипал Синг Раторе.

Зградата е студентски дом на медицинскиот колеџ, во кој се сместени студенти и млади лекари. Спасувачките служби ги пребаруваат урнатините.

Според официјалните информации во авионот имало 232 патници и 12 членови на екипажот. Авионот од Ахмедабад летал за Лондон. ми/

фото: Икс

Остани поврзан