• недела, 22 декември 2024

Захариевски повеќе не е тренер на Вардар

Захариевски повеќе не е тренер на Вардар

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Срѓан Захариевски до денес не е шеф на стручниот штаб на ФК Вардар.

Информацијата претпладнево ја објавија „црвено-црните“ на својот профил на социјалната мрежа Икс.

-АД ФК Вардар и шефот на стручниот Срѓан Захариевски утрово спогодбено ја раскинаа соработката. 

АД ФК Вардар му благодари за несебичниот ангажман, максималниот вложен труд и голема желба за успех.

За личности како Срѓан Захариевски вратите на АД ФК Вардар се секогаш отворени, стои во објавата на „црвено-црните“.

Захариевски беше третиот тренер на Вардар од почетокто на сезоната. Пред него тимот го предводеа Горазд Михаилов и Горан Петрески.

Вардар по 13 кола е последен во поредокот на Првата македонска фудбалска лига со само осум освоени бодови. зс/

Фото: Фејсбук ФК Вардар

Остани поврзан