Арсенал во проблеми пред гостувањето на дербито кај Манчестер Сити
- Лидерот на табелата во Премиер лигата Арсенал в недела го очекува дербито – гостување кај второпласираниот Манчестер Сити
Лондон, 17. април 2026 (МИА) – Лидерот на табелата во Премиер лигата Арсенал в недела го очекува дербито – гостување кај второпласираниот Манчестер Сити. „Топџиите“ се лидери на табелата во најголемиот дел од сезоната и титулата првак на Англија ја чекаат од 2003 година.
Нивниот домаќин и ривал Манчестер Сити е во форма и со евентуална победа ќе ги зголеми шансите за нова шампионска титула.
Во пресрет на дуелот со „граѓаните“ менаџерот на Арсенал Микел Артета ќе настапи без неколку играчи, а особено ослабен ќе биде на десната страна во нападот.
Букајо Сака не настапува од 22. март и финалето на Карабао купот со Манчестер Сити поради повреда. Но, проблем може да биде и повредата од средата од дуелот од Лигата на шампионите со Спортинг ма Нони Мадуеке. За неговиот настап Артета истакна дека одлуката ќе ја донесе пред самиот натпревар.
Неизвесноста за настапот на Мадуеке, во прв план го исфрла 16-годишниот Макс Дауман.
Дуелот Манчестер Сити - Арсенал се игра во недела со почеток во 17:30 часот. мн/
Фото: ЕПА