Митев: Во вториот дел ни падна ритамот
- Ракометарите на Алкалоид не успеаја да изборат пласман во финалето на Купот откако вечерва го загубија полуфиналето од Вардар со 33:28
Струмица, 17.април 2026 (МИА) – Ракометарите на Алкалоид не успеаја да изборат пласман во финалето на Купот откако вечерва го загубија полуфиналето од Вардар со 33:28.
- Ова беше тежок натпревар, пред сè за нашиот тим бидејќи имаме неколку повредени играчи кои денеска не настапија. Во првиот дел бевме рамноправни одигравме одлично, но потоа ни падна ритамот. Честитки за ракометарите на Вардар и им посакувам среќа во финалето, изјави по дуелот ракометарот на Алкалоид Дамјан Митев.
Финалето на Купот меѓу Вардар и Охрид се игра в недела (19.април) во Струмица со почеток во 20 часот. мн/
Фото: Фејсбук РК Алкалоид