• понеделник, 11 мај 2026

Георгиевски: Нашата добра игра на почетокот на вториот дел беше решавачка за победата

Георгиевски: Нашата добра игра на почетокот на вториот дел беше решавачка за победата

Струмица, 17.април 2026 (МИА) – Ракометарите на Вардар со победата од 33:28 против Алкалоид во полуфиналето на Купот се изборија за финале и со тоа да го бранат трофејот освоен минатата година.

-  Ова беше добар и тежок натпревар на две екипи кои добро се познаваат. Дуелот го решивме на почетокот на вториот дел, откако во првото полувреме беше неизвесно и нервозно. На крајот се покажа решавачка предноста од 5-6 разлика што на направивме кон средината на вториот дел, изјави капитенот на „црвено-црните“ Гоце Георгиевски.

Вардар во неделното финале ќе игра против Охрид, кој во првото полуфинале го совлада Еурофарм Пелистер со 26:19. Почетокот на финалето е во 20 часот. мн/

Фото: Фејсбук РФМ

Остани поврзан